| |

АМНЕСТИЈАТА НА ИВАНОВ ГИ СПАСИ „БУГАРИТЕ“ ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ ОД ЕКСТРАДИЦИЈА

Врховниот суд во Атина го одби барањето за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошкоски, бидејќи двајцата се наоѓаат на се наоѓаат во листата за амнестија, која пред 2 години ја направи претседателот Ѓорѓе Иванов. Според адвокатот на двајцата поранешни разузнавачи, тие најверојатно во понеделник ќе излезат од екстрадициониот притвор во близина на Солун, каде се сместени веќе осум месеци, и ќе бидат слободни граѓани во Грција, но нема да имаат право да ја напуштат земјата. Тие чекаат решение за политички азил, а исто така и судски процес за лажните бугарски пасоши со кои се претставуваа како Христо Атанасов и Неџми Хасан.

 

Слични Објави