ГРЧКИ МИТРОПОЛИТ ОСУДЕН ЗА ГОВОР НА ОМРАЗА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

//

Грчкиот митрополит Амвросиос, познат по тоа што остро ги критукуваше хомосексуалците, мигрантите и политичарите велејќи за нив дека се однесуваат „нехристијански и негрчки“, вчера си поднел оставка, јавуваат грчките медиуми.

Митрополитот Амвросиос, оставката ја објавил во текот на неделната литургија. Тој служи во епархијата Калаврита на југот на Грција.

Локалните медиуми потсетуваат дека Амвросиос во јануари годинава е осуден на седум месеци условно заради говор на омраза бидејќи на блог во 2015 година пишувал погрдни содржини за хомосексуалците и ги повикувал луѓето да плукаат врз нив. Според одредени американски медиуми Амвросиос ја поддржувал екстремната десничарска партија „Златна зора“.





Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: РУСКОВСКА ЈА УБЕДУВА ЈАВНОСТА ДЕКА БОКИ 13 РЕКЕТИРАЛ БЕЗ ПОДДРШКА НА ВЛАСТА

Следна статија

„ЗАГРИЖЕНИОТ“ ЗА МАКЕДОНИЈА НОВИНАР ЛАРИС ГАИСЕР НАЈАВУВА НОВА „БОМБА“ ЗА „ЗАВРШЕН УДАР“ ВРЗ „РЕКЕТ“

Најново од Вести