ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА ПРОДАЖБАТА НА АЛКОХОЛ: ВО ИДНИНА „ПИЈАЧКА“ И ВО КИОСЦИТЕ

//

Во Собранието пристигна предлог-законот за измени на законот за трговија кој има заглавна цел укинување на ограничувањата во законот кои беа воведени во 2008 година, акои се однесуваат на ограничувањето на времето на продажба на алкохолни пијалоци вотрговијата на мало и на малопродажните објекти во кои истата се забранува.

Со предлог – законот се предвидува: продажбата на алкохолни пијалоци во трговијата намало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да себараат исполнување на минимално-технички услови во продажниот објект за продажбана алкохолни пијалоци.

Исто така со законот се предвидува да не се ограничуваат малопродажните објекти вокои ќе се врши трговија со алкохолни пијалоци, односно се предвидува да се дозволипродажбата на истите да се врши и во киосците.

Предлог – законот исто така предвидува да не се ограничува времето за продажба наалкохолни пијалоци во малопродажните објекти во трговијата на мало.

Предлог – законот за изменување на Законот за трговија содржи 8 членови.

Со членот 1 од Предлог – законот се интервенира во членот 23-а така што се бришатставовите 4 и 5 со кој беше предвидено продажбата на алкохолни пијалоци трговецот дасе врши само во посебен продажен објект за продажба на алкохолни пијалaци или вопосебно издвоен дел од продажниот објект кој е соодветно обезбеден.

Исто така со овој член се брише обврската за исполнување на минимално техничкиуслови за продажба на алкохолни пијалоци за продолжување на лиценцата.

„Оваа измена се прави од причина што посебните продажни објекти и посебните условиво посебно издвоен дел од продажниот објект како минимално техничките услови беапредвидени со цел за да може да се спроведе временското ограничување на продажбата.



Во услови на укинување на временското ограничување не се потребни посебни техничкиуслови за продажба на алкохолни пијалоци“, пишува во предлог-законот.

Од истата причина се вршат и измените во членот 2 со кој се интервенира во членот 23-бво ставот 3 така што точката 2 се брише.

Со оваа измена се брише обврската трговецот на мало кон барањето за издавање налиценца да доставува изјава за исполнување на минимално технички услови запродажба на алкохолни пијалоци.

Исто така со овој член во членот 23-б во ставот 12 алинејата 1 се брише со што се стававон сила Правилникот за минимално-техничките услови за продажба на алкохолнипијалоци кој беше донесен од министерот за економија. Со членот 3 во членот 23-в востав 2 точките 1) и 2) се бришат која се однесува на престанување на исполнетост наминимално-технички услови за продажба на алкохолни пијалоци како причина заодземање на лиценцата се брише од причина што со членот 1 и 2 се ставаат вон силаминимално – техничките услови за продажба на алкохолни пијалоци.

Со истиот член се брише и точката 2 бидејќи со членот 4 се укинува временскотоограничување на продажбата на алкохолни пијалоци. Ставот 3 од членот 23-в се менуваод причина што се изменети условите кои се основ за одземање на лиценцата.Со членот 4 се менува членот 24-а така што се укинува временското ограничување напродажба на алкохолни пијалоци и се укинува забраната за продажба на алкохолнипијалоци во киосците.Во членот 5 се интевенира во членот 51 во став 1 кој се однесува на управните меркишто може да ги преземе државниот пазарен инспектор при надзорот, така што се бришатточките 3 и 4, кои се однесуваат на временското ограничување на продажба наалкохолни пијалоци.

Извор: Емагазин

 

Претходна статија

АМНЕСТИЈАТА НА ИВАНОВ ГИ СПАСИ „БУГАРИТЕ“ ГРУЈЕВСКИ И БОШКОСКИ ОД ЕКСТРАДИЦИЈА

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: БАРАМЕ ИТНА И НЕОДЛОЖЕНА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, ОЧИГЛЕДНО Е ДЕКА ЗАЕВ И ВЛАДАТА НЕШТО КРИЈАТ ОД ЈАВНОСТА!

Најново од Вести