(ВИДЕО) Со фактура за мобилна галантерија, во Македонија влегле таблети, запленета огромна пратка, Спасовски со детали

//

Со фактура за мобилна галантерија во Македонија биле внесени таблети кои не се регистрирани во Агенцијата за лекови. Полициски службеници асистирале, а еден од нив, имал и задача да биде чистач на патот за да се пренесе стоката. Министерот за вратрешни работи, сподели детали за апсењето на полицајците и царинските службеници, односно акцијата која се одржа завчера.

„Самиот влез на овие таблети е кривично дело“, кажа Спасовски.

За сите царински службеници има докази дека се инволвирани во внесот на овие таблети, кои во документите биле пишани како мобилна галантерија.



„МВР заедно со австриската полиција во Виена запре огромна пратка од 2,2 тони, ист тип на медикаменти, кои се прекурзори, а крајна дестинација требало да е во Скопје“, додаде Спасовски.

Претходна статија

Суперхерои ги изненадија децата од Детската клиника во Скопје (ФОТО)

Следна статија

Прашан дали ќе биде дел од новата Влада, Спасовски со следниот одговор

Најново од Вести