Суперхерои ги изненадија децата од Детската клиника во Скопје (ФОТО)

/

Вчера, волонтерите на Тимот за одговор при катастрофи – Тим за спасување на планина, облечени во костимите на детските херои, Спајдермен, Бетмен и Супермен а потпомогнати од Дедо Мраз, со јажиња се спуштија на Клиниката за детски болести.

На малите пациенти им подарија насмевки и новогодишни пекети за претстојните празници.

Настанот се одржува по четврти пат и е традиционална активност на Црвениот крст на град Скопје



Не треба многу за да усреќите некого. Бидете и вие нечиј херој!

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Бислимовски контра министрите, цената на струјата сигурно ќе се покачи над 10 отсто за домаќинствата

Следна статија

(ВИДЕО) Со фактура за мобилна галантерија, во Македонија влегле таблети, запленета огромна пратка, Спасовски со детали

Најново од Вести