Не го напаѓајте Јанчев, тој само ја констатира болната вистина
Тони Коцев
Човекот кој идентитетски се идентификува истовремено како Македонец и Бугарин ( дал доброволна напишана и заверена кај нотар изјава за бугарска самоидентификација ) , обракајки му се на македонскиот пеач Спасен Силјаноски дека не може да донесе публика колку што може да привлече белградската пеачка Марија Шерифовиќ им „плесна“ на Македонците во очи непобитен факт .
Имено , Македонецот со голема радост оди на настап на српски пеач , за разлика од настапите на македонските пејачи. И тоа не е само поради заедничкото живеење во Југославија ( тие генерации оддамна не одат на концерти ) , туку постојаното наметнување и промовирање од страна на македонските медиуми на српската култура преку музика , песни , спорт , тв емисии и сл.
Тука ке нагласам – не се виновни Србите за таквата состојба , туку нашите – Македонци. Комплекс на мала култура , Србите ни изгледаат „поголеми“ и „повредни“ на секое поле. Поради тоа, не го напаѓајте Митко Јанчев , тој само ја констатира болната вистина – Македонецот се воодушевува на сѐ што е српско , наместо на македонското !
