| |

БАН ги додели традиционалните награди за новинари

Управниот совет на Бугарската академија на науките (БАН) ги додели традиционалните „Награди на БАН за новинари“ за придонес во медиумското следење и популаризацијата на науката.

Во категоријата „Електронски медиуми“ наградени се Ани Костова, водителка на емисијата „Попладне за љубопитните“ на програмата „Христо Ботев“ на Бугарското национално радио, како и екипата на емисијата „Бугарија наутро“ на телевизијата Bulgaria ON AIR.

Специјална награда за долгогодишно и сеопфатно следење на активностите на БАН му беше доделена на Љубчо Нешков од агенцијата БГНЕС. Од Академијата истакнаа дека признанието е израз не само на благодарност за медиумското партнерство, туку и за неговиот личен ангажман во теми поврзани со науката и општеството.

Престижното признание „За правилен и богат бугарски јазик во новинарството“ го доби Иво Иванов, новинар во Радио „Бугарија“ при БНР, сценарист на емисијата „Туризам БГ“ на БНТ и автор на серијалите „Олтарите на Бугарија“ и „Домот на верата“.

Слични Објави