Владимир Кличко ќе ја поддржи Софија во организацијата на Европското првенство во бокс
Легендарниот украински боксер Владимир Кличко изрази подготвеност да ја поддржи Софија во организацијата на Европското првенство во бокс за мажи и жени, кое ќе се одржи од 15 до 26 септември 2026 година, соопшти прес-центарот на Општина Софија, пренесува БТА.
„Сметајте на мене. Ако ви треба помош, јас сум на ваша страна“, изјави Кличко на средбата со градоначалникот на Софија, Васил Терзиев.
На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката за образование, спорт и младински активности Десислава Желјазкова, претседателот на Бугарската боксерска федерација Красимир Инински, генералниот секретар на European Boxing Мартин Волке и менаџерот Александар Красјук.
