ПУТИН ПОТПИША АМАНДМАН СО КОЈ СЕ ЗАБРАНУВААТ ИСТОПОЛОВИТЕ БРАКОВИ ВО РУСИЈА

//

Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша уставен амандман со кој официјално се забрануваат истополови бракови во Русија.

Дефинирањето на бракот како заедница само на маж и жена е дел од групата уставни реформи изгласани од Русите на 1 јули 2020 година. Од тој пакет, кој беше поддржан од речиси 78 проценти од Русите, најпозна е одредбата што му овозможува на Путин да се кандидира за уште два шестгодишни претседателски мандата, па, така, со Русија да владее до 2036 година, пренесува „Јутарњи лист“.

Во истиот пакет-уставни измени Путин доби доживотен имунитет од гонење.

На 5 април Путин официјално ги потпиша уставните амандмани и овозможи нивно стапување во сила.



Истополовите бракови се веќе нелегални во Русија, така што новата формулација во Уставот, всушност, дополнително го утврдува тоа и им отежнува на истополовите двојки да добијат шанса за еднаквост со хетеросексуалните двојки.

Тоа исто така значи дека ЛГБТ-лицата нема да може да посвојуваат деца.

Оваа одлука не е изненадување за Русија на Путин, каде што геј и квир-заедниците се соочуваат со чести насилства и дискриминација, а познатата забрана за геј-пропаганда, со која се забранува дистрибуција на сè што се смета за про-ЛГБТ постои од 2013 година.

Претходна статија

(ВИДЕО) 213 САНКЦИОНИРАНИ ВОЗАЧИ НА МОТОЦИКЛИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ЦЕЛА ДРЖАВА

Следна статија

СЛОВЕНИЈА ГО УКИНА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

Најново од Вести