| |

Комеморативна вечер посветена на писателот Алек Попов во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје

Денеска во 18:00 часот во отворената галерија на Бугарскиот културно-информативен центар Скопје ќе се одржи комеморативна вечер посветена на прерано починатиот бугарски писател Алек Попов, јавуваат од Бугарскиот културно-информативен центар.

На комеморативниот настан ќе присуствуваат издавачите на неговите книги во Република Северна Македонија, негови блиски колеги и пријатели од земјата.

Пред публиката ќе биде претставен филмот „Мисија Лондон“, снимен според книгата на Алек Попов.

Потсетуваме дека Алек Попов почина на 58 годишна возраст на 22 март 2024 г. во Софија. Тажната вест ја соопшти Бугарската академија на науките, каде што бугарскиот писател беше дописен член.

Освен сатиричниот роман „Мисија Лондон“, негови дела се и хит-романите „Црната кутија“ и „Сестрите Палавееви“. Носител е на голем број домашни и странски литературни награди и признанија.



Слични Објави