БИЛ ГЕЈТС НЕ ГИ РАЗБИРА ЛУЃЕТО КОИ СЕ ПРОТИВ МАСКИТЕ: ШТО СЕ ТИЕ, НЕКОИ НУДИСТИ?
Еден од основачите на компанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс, во еден подкаст зборувал за моменталната состојба во светот. Тој во гостувањето кај Рашид Џонс, го споредил носењето маска со носење панталони.
Како што нагласи, првите препораки во врска со коронавирусот биле исти како и за другите респираторни заболувања, но се покажало дека Ковид-19 е многу поопасен.
На места каде маските се задолжителни, бројот на заразени лица опаѓа, па според една од студиите, носењето маски до март 2021 година би спречило смрт на повеќе од 63 000 Американци.
