ВО ФУНКЦИЈА УШТЕ ЕДЕН ПУНКТ ЗА ТЕСТИРАЊЕ НА КОВИД-19 ВО ПОЛИКЛИНИКАТА ИДАДИЈА

/

Министерството за здравство соопшти дека од денеска е во функција уште еден пункт за тестирање на коронавирус во Поликлиниката Идадија.

Граѓаните на Скопје можат да се тестираат во четирите пункта и тоа во поликлиниките „Јане Сандански“, Ченто, Чаир и Идадија. Со ова, двојно е зголемен капацитетот за тестирање во Скопје. Од минатата недела во функција се и пунктовите во градовите: Штип, Тетово, Струмица, Прилеп, Охрид, Куманово, Кочани, Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија и Струга, истакнуваат од Министерството.

Граѓаните кои имаат симптоми на КОВИД-19, но и тие без симптоми треба да се јават кај својот матичен лекар и точно и вистинито да одговорат на епидемиолошката анкета. Согласно ова, матичниот лекар врз база на евалуација на здравствената состојба и податоците го спроведува тестирањето, односно укажува на тоа дали кај пациентот е потребно тестирање. Во овој процес, вклучени се близу 1.200 матични лекари кои освен за детекција се задолжени и за следење на пациентите, наведуваат од Министерството.





Претходна статија

НА ПАЗАРОТ СЕ ПОЈАВИЈА ФАЛСИФИКАТИ НА ПРОИЗВОДИ ОД АЛКАЛОИД-ЕВЕ КАКО ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ

Следна статија

ПОЗНАТ ТУРСКИ АКТЕР ВО БОЛНИЦА СО СОМНЕЖ ДЕКА Е БОЛЕН ОД КОВИД-19

Најново од Вести