(Видео) Два трговски брода погодени во Црното Море во близина на Бугарија, едниот потонал
Два трговски брода беа погодени во одделни инциденти во Црното Море во текот на ноќта, во близина на Бјала и Крапец. При нападот врз товарниот брод CHELSEA 3 беа повредени шестмина морнари, додека другиот брод потона, а најмалку четири лица се спасени, јавува БГНЕС.
CHELSEA 3, кој пловел под малтешко знаме, бил нападнат со три воздушни дрона на околу 18 наутички милји источно од Бјала. Сите 15 членови на екипажот, седум украински и осум азербејџански државјани, биле евакуирани и пренесени во Варна.
Шестмина морнари се повредени, но нема тешко повредени, соопшти областниот управител на Варна, Марио Смрков. Бродот останал на површината, а нема податоци за истекување гориво или загадување на морето.
Во одделен инцидент, на околу 17 наутички милји источно од Крапец, друг брод потонал. Според Смрков, најмалку четири лица се спасени, но информациите за екипажот сè уште се нецелосни.
Премиерот Румен Радев најави дека ќе ја повика руската амбасадорка Елеонора Митрофанова на разговор и ќе разговара со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Бугарските власти ги координираат спасувачките активности и ги утврдуваат околностите за двата инцидента.
