|

(Видео) Заврши и овогодинешното издание на фестивалот „Симитлија – Древната земја на Кукерите“ 2023

Заврши и овогодинешното издание на фестивалот „Симитлија – Древната земја на Кукерите“ 2023. Пред повеќе од 15 000 илјади гледачи се одржа XIX-тото издание на фестивалот за кукерски и маскенбалски игри во Симитли, Бугарија. Настанот се одржа на градскиот стадион „Септември“.

Стадионот во Симитли цели 10 часа беше претворен во еден вид бина за најдобрите кукерски групи од целата земја. Во дефилето учествуваа 29 групи, од кои 11 од општина Симитли и 18 гостински од различни делови на Бугарија – Павел Бања, Коларово, Бачево, Банско, Благоевград, Петрич, Габра, Христо Даново, Карлово, Земен, Климент, Александрово, Варвара и село Габерово.

Навистина, земјата под нивните нозе се тресеше, а публиката со интерес набљудуваше што се случува на стадионот и надвор од него, како и сите што имаа можност да го гледаат дефилето на кукерските групи преку етерот на телевизија „Родина“, каде во живо се емитуваше XIX издание на фестивалот.

Уникатни бабугери, кукери, шарени старци, атрактивни мали мечиња, мечки и мечкари, убави луѓе облечени во народни носии, попови и секакви други интересни и впечатливи ликови беа меѓу учесниците кои се истакнаа во фестивалот.

Сите групи кои дефилираа на фестивалот изразија посебна благодарност до градоначалникот на општина Симитли Апостол Апостолов и сите останати кои учествуваа во организацијата на „Симитлија – Древната земја на Кукерите“ 2023. Тие се заблагодарија што имаа уникатна можност да ги подучат своите деца, внуци и роднини, дека традициите се живи и мора да се продолжат.



Слични Објави