|

СВЕТОТ ПО ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19

Дали Кина и САД се пријатели или непријатели во војната против коронавирусот? Вака гласи насловот на една геополитичка анализа за ривалството меѓу двете најголеми економии во светот. Нејзините автори прашуваат дали двете суперсили можат истовремено да бидат и ривали и блиски партнери, особено кога се соочени со ист непријател. Двете сили веќе меѓусебно се обвинуваат кој е виновен за пандемијата, при што администрацијата на Доналд Трамп го нарекува ковид-19 „кинески вирус“, додека кинеските медиуми објавуваат тврдења според кои изворот на вирусот всушност бил од САД. Оваа геополитичка анализа завршува со констатацијата дека успехот во војната против крунестиот демон, несомнено, бара стратегиско партнерство меѓу двете суперсили, колку и да е тоа ограничено.

Пандемијата наведе многу аналитичари одново да укажат на важноста на меѓународната соработка. Најголемите оптимисти се надеваат дека глобалната криза ќе донесе еден нов свет, во кој ќе има промена на свеста и во кој интернационалното ќе го замени националното. Во овој нов свет би требало конечно да сфатиме што ѝ правиме на природата и дека мора да спроведуваме зелени политики ако сакаме да опстанеме и ние и планетата Земја. Во таа нова геополитичка констелација, политичките одлуки нема да бидат ориентирани кон чист профит, туку кон обезбедување подобар живот. Дипломатијата ќе го има главниот збор, конфликтите ќе се намалат, а личните слободи ќе го заземат централното место за сметка на државата.

Мора да се признае дека ваквиот идиличен поглед на светот по пандемијата на ковид-19 нема многу допирни точки со сегашната реалност. Тоа го посочуваат и многу аналитичари, кои се занимаваат со геополитички прогнози, правејќи паралели со слични кризи низ историјата на човештвото. Едни сметаат дека пандемијата само ќе ги зајакне национализмот и конфликтите во меѓународните односи, при што државите ќе се свртат кон себе, наместо да си помагаат една со друга на билатерално ниво или преку веќе изградените организации и сојузи, како ОН, НАТО или ЕУ.

Тие го посочуваат примерот со Првата светска војна, кога шпанскиот грип не донесе помирен свет, туку го зголеми антагонизмот и следуваше нова глобална војна.
Други аналитичари, пак, сметаат дека токму националната држава, а не меѓународните институции и сојузи, ќе профитира од пандемијата на коронавирусот – се разбира, во зависност од тоа како ќе одговори на кризата. Пандемијата, од една страна, би требало уште еднаш да покаже колку светот е меѓусебно поврзан и колку е битно што им се случува на сите луѓе на планетата. Но бидејќи земјите се затвораат во време на кризата и бараат начини како поефикасно да одговорат на неа, процената е дека ако го сторат тоа соодветно, довербата на јавноста ќе се зголеми во државните институции. Од друга страна, барем засега, меѓународните сојузи и институции не покажаа капацитети да носат компромиси и заеднички прифатливи решенија.

(Целата колумна прочитајте ја на www.novamakedonija.com.mk)

Слични Објави

  • | |

    Понижување на вистината

    Пишува: Проф. д-р Звонимир Јанкулоски/Нова Македонија Велат дека лажењето е постојана карактеристика на популистичката политика. Поројот од лаги што тече од устата на популистичката власт се чувствува немилосрдно во Македонија. Нема што не излажа. Како што се прошири досегот на амбициите на власта и разбирањето на мејнстрим-политиката и моќта, нивниот популизам ескалира во рутина на…

  • | |

    Мигдонците од протоколот

    Пишува: Никица Корубин Читајќи ги препораките од заедничката комисија за образовни и историски прашања, кои се претпоставува дека треба да се однесуваат на учебници од основно и средно образование, за кои и се дадени препораки; видно отскокнува една конкретна препорака, препораката број пет, која се однесува на учебниците по историја за 6 одделение кај нас;…

  • | |

    Црна листа*

    Пишува: Ивон Величковски И со новите имиња на американската „црна листа“ – дополнувањето на Законот за примена на рестриктивните мерки е приоритет. Особено на опозицијата! Поздравувајќи го и најновото збогатување на „листата“ – да го констатираме премолчаното: „Јавноста“ ќе го стави фокусот на вчерашното дополнување на „црната листа“ на Артан Груби. Дневно-партиски, раководствата ќе го…

  • | |

    ОТПИС НА ПОПИС

    Пописот на населението претставува класична, техничка операција на пребројување на вкупното население на една држава( земја). Сепак, во етнички хетерогени општества, со изразен антагонизам помеѓу различните етнички и конфесионални групи, особено ако се наоѓаат на Балканскиот полуостров, на ориенталниот Исток, или во земјите од т.н „ трет свет“, тогаш пописот на населението е тешко сложена…

  • | |

    Потрага по идентитетот

    Facebook статус на Никица Корубин Три достапни документи: Преговарачката рамка на 25 страници, Заклучоците на Советот на ЕУ на 2 страници, Заедничка позиција на ЕУ за првата меѓувладина конференција на 5 страници и “идентитетот ни е загрозен” се сведе на членот 12 од Договорот со Бугарија, кои самите сме го потпишале. А, да и фамозниот…

  • | |

    ИМПЕРАТИВЕН КРАЈ ЗА БЕСПРАВНИТЕ НЕСТРУЧНОСТИ

    Редно е да се стишат страстите во редовите на актуелната македонска владеачка гарнитура со давање предност на знаењата и науката, а не на долгопрактукуваната на овие простори примитивна диктатура со озаконување на незаконитото и тоа само со миење мозоци и насилство…како што пред две децении го правеше Тито Петковски не разбирајќи дека термините “национален“ и…