ПОЗНАТ ТУРСКИ АКТЕР ВО БОЛНИЦА СО СОМНЕЖ ДЕКА Е БОЛЕН ОД КОВИД-19
Познатиот турски актер Каванч Татлиту се наоѓа во болница, бидејќи постои сомнеж дека е заразен со коронавирус, јавува турскиот весник „Хуриет“.
Татлиту синоќа се почувствувал лошо и од денеска се наоѓа на болничко лекување. Претходно тој заедно со својата сопруга Башак, се наоѓаа во самоизолација во оддалечен од градската средина дел на Истанбул.
Во Македонија Татлиту, кој е нарекуван турскиот Бред Пит е познат по своето учество во серијата „Ѓумуш“.
