ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА РИГОРОЗНИ КАЗНИ ЗА ТРОЈЦА СКОПЈАНИ КОИ СЕ ШЕТАЛЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС

/

Тројца скопјани да бидат казнети со по 2.000 евра, бидејќи се шетале за време на полицискиот час, предлага обвинителството.

Предлог за издавање казнен налог против уште три лица поднесе Основното јавно обвинителство Скопје вчера попладне. Обвинетите се товарат за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

На 24 и 25 март на различни локации во Скопје тие биле затекнати во непочитување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел спречување и сузбивање на опасната заразна болест COVID-19.





Претходна статија

УТРЕ ДЕЛОВИ ОД ОПШТИНИТЕ КАРПОШ И ЦЕНТАР ЌЕ БИДАТ БЕЗ СТРУЈА

Следна статија

ИСТОРИСКИОТ БАРАЖ МАКЕДОНИЈА – КОСОВО ЌЕ СЕ ИГРА ВО ОКТОМВРИ?

Најново од Вести