|

АНГЕЛОВСКА НАЈАВИ КРАТЕЊЕ НА НЕПРОДУКТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ОД БУЏЕТОТ

Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција во владата на Република Македонија најави дека денеска на владина седница ќе биде предложено кратење на непродуктивните трошоци од буџетот.

Ангеловска соопшти дека со кратењата на платите на функционерите ќе бидат околу 250 милиони денари за април и мај. Таа најави и 50% кратење на авторските договори склучени од институциите со лица кои се вработени и имаат други примања.



Слични Објави