СКУБЕ: ГО ЖИВЕЕМЕ СОНОТ, СЕГА ЌЕ ГО ОСТАВИМЕ ПОСЛЕДНИОТ АТОМ ОД СИЛИТЕ!

//

Словенечкиот среден бек на Вардар, Сташ Скубе посочи дека тој и соиграчите во црвено-црно не чувствуваат притисок во пресрет на фајнлфорот во Келн, кој стартува утре со полуфиналниот меч против Барселона, но порача дека поддршката од цела Македонија им дава дополнителна сила.

Скубе пред утрешното полуфинале порача дека две недели целиот фокус на ракометарите е само на мечот со Барселона и најавидека се подготвени за ново чудо.

„Подготвени сме, но не чувствуваме притисок. Тука сме во Келн, го живееме сонот, а зад нас е цела Македонија. И неверојатно е како се сака Вардар, колкава е таа поддршка кон нас. Едноставно после такво нешто невозможно е да не го остави последниот атом од силите. Верувам дека ја имаме енергијата за овој фајнлфор. Две недели мислиме само на Барса, а да ме радбудат среде ноќ, ќе им го кажам секој детал за оваа екипа“, вели Скубе.



Извор: Спорт1



Претходна статија

ЦАРОВСКА: ГО ПОДОБРУВАМЕ ПРИСТАПОТ ДО ПРАВНИ УСЛУГИ ЗА РАНЛИВИТЕ ГРУПИ ГРАЃАНИ

Следна статија

ПРЕГОВОРИТЕ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ОБЕЗБЕДАТ ПРОДОР НА ЕВРОПСКАТА ИДЕЈА НА БАЛКАНОТ

Најново од Вести