ПРЕРОДБЕНИЦИ? МА КАКВИ ПРЕРОДБЕНИЦИ БАНДА БУГАРАШКА!
Се разбира дека ќе има „реформа во образованието„ но, не поради тоа што „Заев ќе ја продаде историјата“, напротив,затоа што таа од ден на ден, станува се потешка, непријатна, несакана.
Впрочем, последното „бриселско фијаско“ e само завршница на „Операцијата Преспа“, но, за жал на трустот на мозоците тогаш предводен од Н.Димитров, никој не им кажал дека – само уште ова господа!
Затоа денеска се здружени и гласни и „левите и десните“ југоутописти.
Тие највеќе и се радуваат на „блокадата од Софија“, сега ќе ги исправиме грешките од минатото! Има да ги збришеме! Ни пречи на патот кон најновата утопија!
-Сега е моментот кога ќе го „испратиме на буништето на историјата“ Јордан Хаџи Константинов-Џинот и неговите будалаштини. Па зарем тој ќе ни стои на нашиот евроатлантски пат!? Одозгора на тога, па и не е наш,шо ако бил од Велес.
Од тој Велес кој во едни убави и блажени времиња си имаше поубаво име, доаѓа уште еден таков, никаков како Џинот, па уште и жел.станица има по него.Рајко Жинзифов.
Е, тој е баш гад. Си легнал еднаш како гркоман, а се разбудил како бугарин, поарно да не се разбудел!
-Се распишал,се распашал, покус да не останел! Нема место во реформата за такви како него. Јога, пилатес, граѓанско ем европско,доста веќе со гајдите и тапаните
–А,да. Ловџиите и рибарите да предложат ново име за станицата. По можност нешто европско, современо…Еурокркушка, нешто такво…
-Прилеп.И тие имаат еден таков,никаков.Марко Цепенков. И тој непрокопосан. Арно пишувал за обичаи, празноверија и приказни. Нашол со политика и за политика на стари години што се вели.
-Се ова требаше своевремено да се запали. А не сега да си ја чукаме главата. Но,ако ни е,за памет друг пат. Да беше само проклетиот „Зборник“ од оние браќана од Струга,некако и ајде. Но,овие се распишале, па објавувале наоколу!
Овој текст нема амбиции да помага или да одмага некому, најмалку да убедува некого во што верува,како верува,или не верува. Уште помалку некому да му „докажува“ потекло, припадност или приврзаност.
Доколку некој поради ова мисли дека ќе биде помалку македонец, искрено жалам што е тоа така. Погоре спомнатите имиња се само дел од еден поширок напор на нашите предци,кои денеска ги нарекуваме „Преродбеници“.
Тоа наследство е такво какво што е. Богато и напати помалку наивно, но,секогаш исклучително емотивно, секогаш е врзано за средината од која потекнува – Велес, Охрид, Струга, Тетово,Прилеп, Битола…Македонија. Од таа средина произлегуваат и Рацин и Марковски. И Димитар Талев. И Љубомир Милетич.И Коле Неделковски и Ацо Шопов.
Тоа наследство е богато и вредно да се негува. Такво какво што е. Без „преработка и без фусноти“.
Не е срамота да не се знае, срамота е да се знае, но да се премолчува. Во Македонија и понатаму се молчи. Веројатно со годините сите помалку „се изверзиравме“ во таа дисциплина. За жал.
Овој текст најмалку е посветен на „напорите“ на владите на Заев и на Борисов. Впрочем, што тие имаат воопшто да кажат за Џинот или Жинзифов.
За среќа, ова наследство „не подлежи“ на никакви политички сукцесии, ниту пак на некакви идни реформи.Какви и да се тие. Тажно е што поради „севозможните реформи“ во минатото, ние македонците, македонството го браниме со држава што повеќе не постои. И да потсетам, Македонија имаше „административни граници“. Сетете се на ова кога следниот пат некој ќе ни објаснува – е како беше тогаш…
Автор: Ѓорѓи Трендафилов