ОД УТРЕ НЕМА ПОВЕЌЕ ОНЛАЈН „КОЦКАЊЕ“ – СЕ ЖАЛАТ СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ

Утре истекува рокот на уредбата според која се гасат сервисите на домашните лиценцирани обложувалници на кои им беше дадена можност од Владата да организираат онлајн-обложување во текот на корона-кризата.

loading...

Обложувалниците реагираат дека со прекин на уредбата државата ризикува да изгуби неколку стотици милиони денари на годишно ниво, средства кои, во услови на сериозна глобална економска дестабилизација заради Ковид-19 пандемијата, имаат значаен придонес во државната економија.

„Клиентите веќе стекнаа навика да се обратат кај домашните лиценцирани приредувачи на интернет игри на среќа. Ако не се најде решение, ќе ја загубиме довербата кај играчите и кај странски сајтови ќе се губат до 50 милиони евра. Со носењето на уредбата пред шест месеци во меѓувреме од наша страна се направени инвестиции во софтвер, хардвер, маркетинг и човечки ресурси, што сега би биле залудно вложени средства“, истакна Васко Илијевски, претседател на Асоцијацијата на спортски обложувалници.

Тој ја повика Владата да пронајде правно решение и да се продолжи законски рокот.


loading...

„Затоа ние уште денеска до Владата и Министерството за финансии ќе доставиме предлог текст за имплементирање на Уредбата во Законот за игри на среќа и забавните игри, кој сметаме дека треба итно да се донесе. Несфатливо е како во услови на економска нестабилност предизвикана од ковидкризата, државата не ја гледа вредноста во буџетот која ја донесе он-лајн обложувањето. Од друга страна и здравствениот аспект во смисла дека он-лајн обложувањето го намали физичкото присуство во објектите“, велат од Асоцијацијата.

Од таму додаваат дека од воведувањето на он-лајн обложување преку македонски лиценцирани обложувалници од мај годинава до декември од оваа услуга се слеале повеќе од 100 милиони денари во државната економија.