| |

22 ПАЦИЕНТИ ЈА ЗАГУБИЈА БИТКАТА СО КОРОНАВИРУСОТ

Во најновиот извештај од Институтот за јавно здравје околу најновата дневна ситуација со коронавирусот, регистрирани се 22 починати лица. Меѓу нив има еден пациент на 43 годишна возраст, и еден на 44 години.

„Починати се 22 лица, три пациенти од Скопје (44, 61 и 67г.), еден од Куманово (88г.), еден од Дебар (43г.), од Штип (64г.), пријавени се девет пациенти од Прилеп од кои тројца се починати во изминатото деноноќие (85, 81, 87, 87, 70, 96, 69, 79 и 68г.),  двајца од Струга (86 и 78г.), еден пациент од Велес (75г.), од Битола (58г.), од Гевгелија (72г.), од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (86г.) и еден пациент од Кичево (69г.). Пациентите се починати во болнички услови.“, стои во извештајот.

Вкупната бројка на починати достигна 2314 лица од почетокот на пандемијата.

Слични Објави