|

БРИТАНСКИОТ ПРЕМИЕР БОРИС ЏОНСОН СТАНА ТАТКО ПО ШЕСТИ ПАТ

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симондс објавија дека им се роди син. Портпаролот на британскиот премиер соопшти дека мајката и бебето се добри.

Откако Џонсон заболе од „Ковид-19“, Симондс беше во изолација во Камбервел, јужен Лондон. Кога тој оздраве, таа се врати на адресата Даунинг стрит 11.

Џонсон од претходниот брак со Марина Вилер има две ќерки и два сина, како и уште една ќерка од вонбрачна врска што ја имал во минатото.

Слични Објави