ХРВАТСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО БЕРОШ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19
Хрватскиот министер за здравство Вили Берош е позитивен на Ковид-19, објавено е од неговиот кабинет.
Се наведува дека Берош е во стабилна здравствена состојба со лесна клиничка слика и дека ќе продолжи да ја извршува својата должност во изолација.
Минатата недела Берош бил тестиран двапати и двата пати резултатот бил негативен.
Се претпоставува дека министерот се заразил во округот Вараждин минатата сабота.
Извор: Макфакс