ГРАД СКОПЈЕ СО СВОИ ПРОЕКТИ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ НА ЗЕЛЕНИ ГРАДОВИ

//

Град Скопје во рок од две недели треба да подготви листа со предлог-проектни идеи што ќе се реализираат преку Програмата за развој на зелени градови со финансиска поддршка на Зелениот климатски фонд.

Од Владината прес служба информираат дека на последната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со активностите за искористување на можностите на Зелениот климатски фонд.



Со одлука на Владата на Град Скопје му се укажува во рок од две недели до Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања да достави листа на предлог-проектни идеи кои би биле соодветни за реализација преку Програмата за развој на зелени градови што ќе се имплементира преку Европската банка за обнова и развој, а со финансиска поддршка на Зелениот климатски фонд.

Претходна статија

(ВИДЕО) КОМИСИЈАТА ПРЕДЛОЖИ ДА МУ СЕ ОДЗЕМЕ МАНДАТОТ НА ГРУЕВСКИ

Следна статија

ПЕНДАРОВСКИ ГО ПРИМИ РОМАНСКИОТ АМБАСАДОР ВИОРЕЛ СТАНИЛА

Најново од Вести