| |

ПЕНДАРОВСКИ ГО ПРИМИ РОМАНСКИОТ АМБАСАДОР ВИОРЕЛ СТАНИЛА

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Романија, Виорел Станила.

На средбата се разговараше за севкупните односи меѓу Северна Македонија и Романија и беа разменети мислења за иднината на регионот во контекст на евроатлантската интеграција.

Двајцата соговорници изразија задоволство од досегашните билатерални релации меѓу двете држави и се заложија за унапредување на правната рамка како и за нови иницијативи за развивање на севкупната соработка, особено во областа на економијата и трговската размена.

Претседателот Пендаровски нагласи дека Северна Македонија високо ја цени ратификацијата на Протоколот за нашето пристапување во НАТО, како и цврстата поддршка на Романија како актуелен претседавач со Советот на Европската унија, за отпочнување на пристапните преговори.

Претседателот истакна дека Република Северна Македонија како кандидат за членство во ЕУ, која во изминатиов период активно работеше на исполнувањето на европските критериуми во контекст на добрососедските односи и на реформската агенда, очекува одлука за добивање датум за почеток на пристапните преговори.

Амбасадорот Виорел Станила на претседателот Пендаровски му го честиташе стапувањето на функцијата и му посака успех во работата, додавајќи дека Романија стои на располагање за соработката во областа на европските интеграции.

Слични Објави