| |

Обраќањето на Рубио во Минхен, Одборот за мир и ЕЕЅ: Северна Македонија во „периметарот“ на оддалеченост од периметарот

Ивон Величковски

Надворешната политика и натаму ни се движи по обврската на партиите Северна Македонија да не го заземе своето место во регионалните, континенталните и светските текови.

Полноправното членство во 🇪🇺 и НАТО е интерес на нацијата. Исто како што:

– промислената и принципиелна надворешна политика е национален интерес,

– надворешната политика на 🇲🇰 не смее да остане ниту (до)сегашното глумење „неврзаност“ ниту осцилирање меѓу 🇪🇺 и 🇺🇸 по моментални потреби,

🇲🇰 е во НАТО затоа што и ние и сојузниците сакаме да сме таму,

🇲🇰 во 🇪🇺 не е цел на 🇺🇸 туку на 🇲🇰,

– Стратешкото партнерство со 🇺🇸 е процес и принцип што не е спротивставен со 🇪🇺 аспирациите.

Само на овие постулати 🇲🇰 може да биде корисна и за своите граѓани и за регионот и за 🇪🇺 и за НАТО и за интернационалниот поредок.

Неразбирајќи ги сопствените одговорности, но и можности, нашата надворешна политика и Владата избегнаа да го препознаат значењето на говорот на државниот секретар Рубио на Минхенската безбедносна конференција.

Затоа во медиумите (на македонски):

– Рубио во Минхен 2026 е сведен на „дипломатска варијанта“ на потпретседателот Венс во Минхен 2025, а

– темата Одбор за мир инициран од претседателот Трамп е практично непостоечка.

А обете теми се и поврзани и значајни.

Обраќањето на Рубио е повеќе од потврдување на вековната трансатланска соработка, поврзаност и взаемната упатеност меѓу (економиите, одбраната на) 🇺🇸 и Европа. Бидејќи нуди многу повеќе од потенцијал за „затоплување“ на односите меѓу 🇪🇺 и 🇺🇸.

Неговото обраќање е континуитет и целина и на три базни точки:

– инсистирањето повеќе администрации на 🇺🇸 за сојузничка буџетска солидарност во трошоците за одбраната на НАТО,

– политиката означена од Трамп во Давос за заеднички сојузнички пристап (и одговорност) кон Гренланд и Арктикот како од 🇺🇸 така и од (членките на) 🇪🇺, и

– безбедносните гаранции што 🇺🇸 ќе и ги даде на 🇺🇦 за спречување идна инвазија од 🇷🇺.

Неговиот говор доби поддршка поради подготвеноста 🇺🇸 да ја повтори целосноста и доследноста на партнерскиот пристап со демократскиот свет и сојузниците, а не само поради дипломатскиот јазик.

Бидејќи Европа знае дека:

– тоа партнерство овозможи трансатланска и европска победа над авторитаризмот и хегемонизмот во I и II Светска војна, но и во Студената;

– денес е многу поразлична од онаа во 1918, 1945 и 1991 и дека тоа (економско и воено) партнерство и овозможи да се интегрира во ЕУ наместо да војува меѓу себе – од Атлантикот до Уралот и од Медитеранот до Балтикот.

Но Рубио во Минхен ја приближи и суштината на иницијативата на претседателот Трамп со формирањето на Одборот за мир.

ОН и интернационалните односи втемелени на повоената светска архитектура денес имаат потреба од нови алатки со кои придобивките на победниците во Студената војна – безбедноста и просперитетот – ќе им бидат овозможени и на земјите и регионите во кои се уште преовладуваат последиците од пост-колонијализмот и Студената војна.

А Одборот за мир е дизајниран да биде таква алатка.

Вака гледано, првично разбирливо е отсуството на 🇷🇺 од оваа иницијатива – како земја која всушност е најголем губитник од Студената војна. Истото може да се однесува и на 🇨🇳, која несогласувањето со „колективниот запад“ го влече и идеолошки и од губењето на едностраните придобивки преку СТО на штета на економиите од двете страни на Атлантикот.

Но недвосмислено поразително е што 🇲🇰 не е ниту поканета, а не пак да учествува во Одборот за мир.

И тоа е директна вина и последица на надворешната политика на владите 2006 до денес – и секако на актуелната на Мицкоски:

„НАТО да не брани, 🇪🇺 да не храни, 🇷🇺 да не мами и 🇨🇳 да ни гради“ – додека ние им ги покажуваме нашите „морални вертикали“ на соседите, 🇪🇺 и 🇺🇸.

Членството во Одборот за мир очигледно не е прашање на пари: во него 🇽🇰 на пр. не придонесува со свои буџетски средства, туку со свој дипломатски ангажман. Од 🇲🇰 пари одамна никој не чека. Но очигледно никој нема доверба во северномакедонската надворешна политика, која не може да е корисна пошироко кога не е корисна ниту за самата нација на 🇲🇰.

Впрочем, кој може нешто да очекува од земјата што не се придржува до обврските што самата ги преземала со акти на Собранието, како што е случајот со Преговарачката рамка? Но и од Рамковниот договор кој е дел од Уставот?

За оние што сметаат дека (членките на) 🇪🇺 нема да фати чекор: Еврокомесарката Шуица веќе најави учество на конкретен дел од средбата на Одборот посветена на Газа. Калас, пак, „е на врска со владите во ЕУ за да се координира за нивните ангажмани во Одборот“. 🇮🇹, 🇹🇩, 🇧🇬, 🇬🇷, 🇨🇾🇽🇰 и 🇦🇱) веќе се во Одборот.

Министерот за надворешни работи и премиерот не можат да глумат „блискост“ со 🇺🇸 базирајќи се на Рамката за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија. Затоа што таа е рамка за тоа што се ќе се преговара да биде во Договорот – позитивен сигнал, но не и конечно решение.

Ниту да глумат „усогласување“ со 🇪🇺 која нѐ чека да продолжиме преговори за членство откако ќе ги донесеме уставните амандмани.

До тогаш може само да им кажат на транспортерите дека поради одбивањето на Владата да ги спроведе обврските, тие и натаму нема да бидат 🇪🇺 државјани и ќе може да престојуваат во 🇪🇺 само 90 дена во 180.

И дека солидаризирајќи се евентуално со следни протести на регионалните превозници, ќе и помогнат на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш да ги искористи за да одработи за ЕУ-изолационизмот на Вучиќева 🇷🇸.



Слични Објави