ЕДЕН ПОЧИНАТ ОД БРИТАНСКИОТ ТИП НА КОВИД ВО МАКЕДОНИЈА
Д-р Горан Кунгуловски од Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина при Клиниката „Жан Митрев“, на Твитер сподели дека се откриени два случаи на британскиот сој на вирусот се откриени во Македонија.
Како што објави Дојче веле, станува збор за заразени лица од Скопје и од Охрид.
Едниот случај е од 4 јануари, кога бил потврден позитивен тест кај заболениот, кој за жал, од последиците – починал.
Вториот случај е од 18 јануари, а заболениот бил отпуштен од лекување пред 4 дена.
Мутацијата на вирусот за прв пат беше откриена во Велика Британија кон крајот на минатата година, а според последните податоци на СЗО веќе е проширена во 70 други земји.

