| |

СКОПЈЕ ИНСИСТИРА ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА ДА СЕ ФОКУСИРА САМО НА РЕФОРМИТЕ, ОД ЕУ ПОРАКА ДА СЕ РАБОТИ НА НИВНО СПРОВЕДУВАЊЕ

Македонските власти остануваат посветени на почеток на пристапниот процес со ЕУ, порачувајќи дека преговарачката рамка мора исклучиво да се фокусира на напредокот во реформите во земјата, а не на историјата, додека од Унијата стигна порака дека преговорите ќе почнат тогаш кога ќе биде постигнат договор со Бугарија, но, дека во меѓувреме не треба да се чека и земјава треба да работи на спроведување на реформските процеси, јавува Бизнис вести.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќање на конференцијата „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на интеграции”, истакна дека земјава останува посветена на пристапниот процес и ќе биде упорна во барањето на достоинствено и европско решение на предизвикот со кој се соочивме.

– Клучна е политичката волја, и мислам дека треба да се обидеме како општество, како нација, не само државата, пред се Владата, медиумите и граѓанското општество да направиме напредок во европеизацијата без разлика што во моментов не сме во пристапниот процес, изјави Димитров.

Тој посочи дека е исклучително важно преговарачката рамка да се фокусира на напредокот во реформите, а не во неа историјата да добие централно место.

– Преговарачката рамка е прашање за кое се уште поради соседна Бугарија нема консезус меѓу земјите членки. За пристапниот процес да европеизира исклучително важно е преговарачката рамка да се фокусира на напредокот во реформите. Ако историјата добие централно место во преговарачката рамка, тогаш прашање е дали и во која мера еден таков процес ќе европеизира или пак ќе балканизира, истакна Димитров.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави