БУГАРСКАТА ВЛАДА ЌЕ РАСПРЕДЕЛИ ПОВЕЌЕ ОД 850 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА

/

Повеќе од 850 илјади евра ќе бидат распределени во рамките на Програмата за прекугранична соработка ИНТЕРРЕГ – ИПП меѓу Република Бугарија и Република Македонија за финансирање на проекти од областа на заштитата на животната средина и развојот на туризмот во прекуграничниот регион меѓу двете земји, објави бугарската Влада.

Средствата се исплаќаат по одлуката на Владата, со која беше одобрена промена на програмата предложена од Управниот орган како резултат на внатрешна анализа спроведена во текот на минатата година.

Како резултат, неискористениот ресурс од оската за приоритет на конкурентноста се пренесува на мерките, животна средина и туризам. Со овие средства ќе се финансираат повеќе проекти во овие области, поднесени од корисниците од Вториот повик за предлози, кои во моментот се вклучени во резервниот список.





Претходна статија

„НЕЗАВИСНИТЕ“ ОД ВМРО-ДПМНЕ: НЕСЕРИОЗНО Е ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ ДА СЕ РЕШАВА ЗАКОНОТ ЗА ЈО

Следна статија

СОЛШЕР ДОБИЛ ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА ПРЕД ИСКЛУЧУВАЊЕ ОД РАКОВОДСТВОТО НА ЈУНАЈТЕД

Најново од Вести