Обвинителството започна увид по пожарот во фабриката ‘Макпрогрес-Винчини’ во Виница
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Кочани започна увид по пожарот што избувна во фабриката „Макпрогрес-Винчини“ во Виница. Увидот ќе продолжи и во наредните денови, бидејќи во дел од магацинските простории со суровини и готови производи сè уште има активни жаришта.
Утре, на лице место ќе биде повикано вешто лице – електроинженер, со цел дополнително да помогне во истрагата. Во меѓувреме се обезбедени снимки од системот за видео надзор, а се преземаат и други мерки и активности за целосно расветлување на настанот.

