РЕВОЛТ ВО ДРЖАВНИОТ КАРАНТИН ВО БЕРОВО: ЧОВЕК СО СИМПТОМИ Е ПУШТЕН ВО ДОМАШНА ИЗОЛАЦИЈА А ДОДЕКА ЛУЃЕ БЕЗ СИМПТОМИ НЕ СЕ ПУШТААТ ДОМА

//

Со нашиот портал исконтактира лице кое се наоѓа во карантин во VIP хотелот- Берово, револтирано поради фактот што слушнал на телевизија Сител дека момче повратник од Лондон со симптоми на корона вирус е пуштено во домашна самоизолација, додека тој и други луѓе мора да седат во хотелот под карантин иако се без симптоми и без никакво тестирање за корона вирус.

Нашиот извор ни раскажа што се случувало со него на патот за враќање во Македонија. Прво биле сместени 30 души во една соба без никакви услови, автобусот со кој што патувале од Деве Баир до Берово бил нечист и со никаква хигиена. Првата тура на луѓе чекале сметување дури десет саати за да дојдат до хотелот, а останатите по саат и пол. Според зборовите на нашиот соговорник во хотелот условите се добри но луѓето се револтирани поради тоа што не им се направени никакви испитувања или тестови туку само им е измерена температура.

Нашиот извор го поставува прашањето зошто не им се прават тестови и кога веќе немаат симптоми и зошто не ги пуштаат во домашна изолација. Групата на нашиот соговорник стигнала во Македонија во петок на полноќ 3 април, им измериле температура и стигнале до своите соби дури во 4 саатот наутро во саботата на 4- ти април.

Трибуна прашува со што одредени лица што се со симптоми заслужиле посебен третман од страна на власата, а други и покрај тоа што не се тестирани и немаат никакви симптоми мора да седат во државен карантин?

Претходна статија

ГУЖВИ ЗА АЛКОХОЛ ВО БАНГКОК, ВЛАСТА РЕШИ ДА ГО ЗАБРАНИ БАШ ПРЕД НИВНАТА НОВА ГОДИНА

Следна статија

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: МИЦКОСКИ И ЗАЕВ СЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ЗАРАДИ КОНТАКТ СО НОВИНАР ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

Најново од Вести