|

Честитки од ЕУ и САД по повод Денот на независноста

По повод Денот на независноста на Северна Македонија, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, упати честитки до македонските граѓани и институции. Во својата порака, објавена на социјалната мрежа „Х“, Кошта истакна дека Европската унија останува посветена на заедничката иднина и европскиот пат на земјата.

Честитки пристигнаа и од Соединетите Американски Држави. Државниот секретар Марко Рубио во својата порака нагласи дека САД остануваат посветени на унапредување на билатералната соработка, со цел зајакнување на колективната безбедност, справување со глобалните закани и поттикнување на економскиот развој.

Годинава се одбележуваат и 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Северна Македонија и САД, што дополнително го истакнува значењето на овие честитки за националниот празник.

Слични Објави