„НЕЗАВИСНИТЕ“ ОД ВМРО-ДПМНЕ: НЕСЕРИОЗНО Е ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ ДА СЕ РЕШАВА ЗАКОНОТ ЗА ЈО

„Веќе подолго време сведочи дека политичките субјекти, наместо да се насочат кон носење квалитетни законски решенија, особено кога се зборува за законот за јавно обвинителство, во различен контекст се обидуваат да не злоупотребат.


Водени од интересот на граѓаните и значењето на владеењето на правото како фундаментална вредност, веќе подолго време ја следиме дискусијата околу законот за Јавно обвинителство. Инспирирани од фактот дека сите политички партии јавно искажаа афирмативен став за потребата од унапредување на овој закон и спремност за дискусија, ние сакаме да им предочиме неколку факти.

  1. Крајно несериозно е една година неколку луѓе, а не Собранието преку пратениците да имаат разговори зад затворени врати
  2. Процесот треба да биде инклузивен, освен ако обете партии не сакаат политички договор наместо добар закон

Од овие причини, и од истакнатата важност на ова прашање од еврокомесарот за проширување на ЕУ, г. Вархеји во контекст за добивање датум за отпочнување преговори со ЕУ, сметаме дека

  1. Министерството за правда, уште денес треба да го достави законот во Собрание на разгледување на сите политички субјекти, таму кадешто е местото, а не во политичките штабови
  2. Претседателот на работното тело кое ќе биде назначено, ВЕДНАШ да ги исконтактира експертите од областа, граѓанскиот сектор и засегнатите професионалци, и итно да закаже јавна расправа во која ќе се вклучат и меѓународни преставници за целосна транспарентност на процесот
  3. Според забелешките од јавната расправа, политичките партии да се постават на ниво на државотворни чинители, да се надминат себеси и да понудат решение кое ќе ги приближи нивните ставови. Во духот на владеењето на правото, после таков инклузивен процес, и НПГ како и останатите ќе ги понуди своите размислувања за што подобро законско решение“, се вели во соопштението на НПГ од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.