Бугари и Турци протестираат во Париз за правата Бугарите во РС Македонија

/

Повеќе од 50 луѓе се собраа на вториот од најавените три протести против дискриминацијата на Бугарите во Република Северна Македонија организирани од Иницијативниот комитет за човекови права „Шемето“. Првиот протест беше на плоштадот Парагвај во Париз на 6-ти декември.

Протестот беше организиран со помошта на Сунај Мехмед, кој има сопствен бизнис во Франција. Тој пристигнал во Париз од југот на земјата со уште 20 лица – Бугари и Турци.

Сунај Мехмед е роден во Бугарија и е исклучително посветен на каузата за заштита на човековите права. Тој смета дека правата на Бугарите и Турците во Република Македонија мора да се заштитат со сите можни мирни средства, а состојбата на Бугарите во РСМ е најлоша.

Студентските протести имаат за цел да го свртат вниманието на релевантните европски институции и меѓународната заедница за систематското кршење на човековите права од страна на Република Северна Македонија и сквернавењето на бугарските национални симболи таму.

Иницијативниот комитет за заштита на човековите права „Шемето“ инсистира на строг мониторинг од страна на ЕК за кршењето на човековите права на лицата кои се изјаснуваат како Бугари на територијата на Република Северна Македонија.



Следниот трет протест треба да се одржи на 15 декември во Брисел, при што организаторите очекуваат тоа да биде кулминација на кампањата од три последователни демонстрации во три европски метрополи.

Во меѓувреме, во Копенхаген е покрената иницијатива од Бугарите и студентите кои живеат во Данска, кои ќе одржат демонстрации слични на оние што ги одржа Иницијативниот комитет за човекови права Шемето. Таму ќе биде поднесена и петицијата на Иницијативниот комитет при Амбасадата на Република Северна Македонија.

Извор: Zoom.mk

Претходна статија

Од Движењето Беса сметаат дека има потреба од реорганизација на албанската опозиција

Следна статија

Бугарија не го менува ставот за РС Македонија, но е подготвена да ја поддржи Албанија на патот кон ЕУ

Најново од Вести