|

Бродот „Свети Кирил и Методиј“ во поволни временски услови го одржува својот пат кон Аргентина

Бугарскиот воено научно-истражувачки брод „Св. Кирил и Методиј“ продолжува да се движи во правец југ-југозапад кон следното пристаниште според својот план – Мар дел Плата во Аргентина.

Бродот ја следи својата рута со просечна брзина од околу 9 јазли при поволни временски услови. Ветерот е со правец 68° и брзина од 7 m/s. Јачината на брановите е 3 бала, пренесува БТА.

Во Мар дел Плата на бродот “Св. Кирил и Методиј ќе се качат научници и логистичари од Бугарски антарктички институт со нивниот претседател проф. Христо Пимпирев. Во претпоследната група членови на 31-та бугарска антарктичка експедиција, која на 26 јануари го напушти аеродромот во Софија за да се качи на бродот во Аргентина на почетокот на февруари, има четворица научници, но преовладуваат логистичарите, бидејќи претстојат сериозни градежни активности во бугарската антарктичка база – мора да се изгради нова научна лабораторија.

НИК 421 носи храна, градежни материјали и опрема за базата „Св. Климент Охридски“ на островот Ливингстон. Бродот ќе ја поддржи бугарската поларна мисија, транспортирајќи до островот резерви на храна, цемент, темели за згради, сендвич панели, пречистителна станица, канцелариски контејнер итн.

Слични Објави