АНТИКОРУПЦИСКА НЕ ЗНАЕ КОЛКУ ФУНКЦИОНЕРИ ИМА ВО ДРЖАВАТА
Државната комисија за спречување на корупцијата нема податоци колкав е точниот број на функционерите и колку изнесува нивната имотна состојба. Тоа е така бидејќи раководните лица на институциите и органите кои вршат избори и именувања не ги доставуваат овие податоци редовно. Ова го покажува извештајот на „Транспарентност Македонија“ за работата на Комисијата во последните три месеци.
Вкупниот број на доставени обрасци на избрани и именувани лица во регистарот изнесува 5.346.
Членовите на Комисијата не ја провериле ниту вистинитоста на податоците од изјавите за имотната состојба, но во случаите каде што е утврдено дека не е поднесен анкетен лист издаден е прекршочен платен налог.
Досега се издадени вкупно 24 прекршочни платни налози, а во тек се 49 постапки за проверка на вистинитоста на податоците од изјавите за имотната состојба.
