ЈАНЕВА ЌЕ ВРШИ УВИД НА ДОКАЗИТЕ ЗА „РЕКЕТ“
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, која е третоосомничена во случајот „Рекет“, денеска треба да изврши увид во доказите во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал.
Увид во доказите вчера вршеше Бојан Јовановски, кој е првоосомничен во случајот „Рекет“. Случајот „Рекет“ Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори во јули годинава, против Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец, за потоа истрагата да се прошири и против Катица Јанева. Јовановски и Јанева се во притвор во затворот „Скопје“, а Зоран Милески – Кичеец со одлука на судот од пред неколку дена е во домашен притвор.
Извор: Макфакс

