|

(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ФАБРИКА ЗА ХЕМИКАЛИИ ВО ФРАНЦИЈА

130 пожарникари го гаснат големиот пожар што избувна во фабрика за хемикалии во северниот дел на Франција. Локалните власти ги предупредија жителите на градот во североисточна Франција да останат дома. Евакуацијата е извршена на 500 метри од фабриката, соопштија локалните власти.

Над фабриката Лубризол, која произведува масла и мазива, според агенциите, се крева густ чад. Училиштата во Руан, каде што живеат околу 500.000 луѓе, ќе бидат затворени денеска.

Извор: Тв Стар



Слични Објави