ЦГК: СКОПЈЕ ТРОШИ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ КОЛКУ СИТЕ МАКЕДОНСКИ ОПШТИНИ ЗАЕДНО

//

Град Скопје со 14 милиони евра што е вкупна вредност на склучените договори за јавни набавки, е на врвот на листата на Базата на податоци за општинските тендери што ја објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), пренесува Вечер.

Вредноста на јавните набавки што властите на Град Скопје ги склучиле со фирмите во текот на 2018 година е повисока за 4,2 милиони евра, што е пораст за 42 проценти во однос на претходната година.  

– Град Скопје, како најголема единица на локалната самоуправа за јавни набавки троши колку 46 други општини заедно, а 11-те единици на локална самоуправа со најголема вредност на набавките заедно трошат половина од парите, односно колку преостанатите 70 општини – се наведува во извештајот на ЦГК.





Претходна статија

(ВИДЕО) ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ФАБРИКА ЗА ХЕМИКАЛИИ ВО ФРАНЦИЈА

Следна статија

СПОРЕД ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ, ВЕРУШЕВСКИ СО ИЗЈАВАТА ЗА „БОМБИТЕ“ ГО ШТИТИ МИЈАЛКОВ

Најново од Вести