Милотинова: „Премногу е наивно да се мисли дека Скопје може да му наметне услови на Брисел“
Колку повеќе македонските политичари ја злоупотребуваат темата „Бугарија“ во предизборната кампања, толку потешки ќе стануваат разговорите потоа, објаснува за БНР познатата бугарска новинарка Милена Милотинова.
Во Република Северна Македонија во тек е кампањата на кандидатите за претседател. Тие ќе се борат за довербата на гласачите на 24 април. 17 партии и коалиции ќе учествуваат на претстојните парламентарни избори, кои треба да се одржат на 8 мај.
„За жал, кампањата започна со антибугарски пораки. Тие се главниот адут на политичарите. Се зборува за бугарски диктат, повторно преговарање на условите со ЕУ и неисполнување на преговарачката рамка, во која пишува дека Бугарите треба да бидат вклучени во Уставот на Северна Македонија. Сето ова ја одржува илузијата дека постои основа за повторно преговарање. Така, македонските политичари го оддалечуваат своето општество од ЕУ. Токму затоа, оваа илузија е многу опасна“.
Македонските политичари немаат храброст да кажат како стојат работите, смета Милотинова.
„Условите се премногу едноставни – постои преговарачка рамка која е одобрена од земјите-членки на ЕУ и Северна Македонија. Вклучувањето на Бугарите е неизбежен услов“, додава таа.
ВМРО-ДПМНЕ уште од сега изјавува дека нема да има уставни измени.
„Доколку Македонија уште малку задоцни со исполнувањето на овој услов, Албанија може да ги започне преговорите сама. Овој двоец земји може да биде разделен. Премногу е наивно да се мисли дека Скопје може да му наметне услови на Брисел“, објасни таа во програмата „Нешто повеќе“ на БНР.
„Самата преговарачка рамка беше компромис. Уште еднаш се докажува дека Бугарија нема проблем со Република Северна Македонија, како што некои политичари во Скопје се обидуваат да ги убедат гласачите, Северна Македонија е таа што има проблем кој е внатрешен во самата земја, создаден од неа и тие се обидуваат да го интернационализираат, но безуспешно. Тоа може да им изигра лоша шега. Да се надеваме дека македонските политичари ќе покажат доволно зрелост“, посочи Милотинова.
„ Се надевам дека ќе започне дебата, која се заснова на реалноста, што навистина треба да се направи во Северна Македонија, туку треба и да се престане со јазикот на омраза кон македонските Бугари“, вели Милотинова.
„Замислете само, дали е во ред во 21 век да зборуваме за тоа дека во европска земја има борба за рамноправност. Што понормално има од тоа еден од народите да биде впишан во Уставот, како рамноправен на останатите запишани таму“, децидна е Милотинова.
Целото интервју со Милена Милотинова можете да го слушнете на следниот линк.
