|

Автобусите на ЈСП се вратија на улиците на Скопје, обезбедена плата за вработените

Сите автобуси на ЈСП се вратија на улиците низ главниот град, откако Град Скопје обезбеди плата за вработените. Советот на Скопје донесе одлука за пренамена на средства за исплата на плати за вработените, а градоначалничката Данела Арсовска побара да се подмират долговите на институциите кон ЈСП, но и одговорност од раководството и сите кои придонеле за лошата состојба во претпријатието.

Скопјани вчера по прв пат останаа без услугите на јавниот градски превоз, поради проблемот со неисплатените плати на вработените во ЈСП.

Претседателот на Синдикатот за сообраќај и врски при ЈСП Скопје, Миќо Стојановски вели дека се обезбедени средства за платите до крајот на годинава.

Извор: Zoom. mk



Слични Објави