|

Почит за најмилите: „Маршот на ангелите“ се одложува поради Задушница

Поради Задушница, оваа сабота, 1 ноември, нема да се одржи „Марш на ангелите“, информира Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“ преку објава на Фејсбук.

„Овој ден е посветен на нашите најмили кои не се меѓу нас – да им запалиме свеќа, да се помолиме за нивниот вечен мир и да им оддадеме достојна почит. Следниот марш ќе биде најавен дополнително“, соопштија од Здружението.

Минатата сабота родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани го одржаа 28. „Марш на ангелите“, барајќи вистината и правдата за трагедијата да излезат на виделина.

Слични Објави