ПОГЛАВАРОТ НА ГРЧКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ВО БОЛНИЦА ЗАРАДИ СИМПТОМИ НА КОВИД-19

/

Поглаварот на Грчката православна црква архиепископот Јеронимос, рано утрово, со благи симптоми на коронавирусот, беше примен во болница, јави дописничката на МИА од Атина, пренесува Фокус.

Информацијата преку „Твитер“ ја соопштија од атинската Архиепископија, додека пак портпаролот на архиепископот Харис Конидарис, за грчката телевизија „Скај“ објасни дека 82- годишниот Јеронимос во понеделникот направил тест, а резултатот што го добил вчера бил позитивен.

Синоќа имал зголемена температура, па затоа утрово бил пренесен во болница, но е во добра состојба.



Архиепископот Јеронимос во саботата се сретна со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, меѓутоа, во пресрет на средбата и двајцата правеле тест и добиле негативен резултат.

Претходна статија

(ВИДЕО)Љ. НЕШКОВ: ОМРАЗАТА, А НЕ ВЕТОТО ЈА ЗАПРЕА МАКЕДОНИЈА ПРЕД ПОРТИТЕ НА ЕУ

Следна статија

ШТО ВЕЛИ ЗАКОНОТ ЗА ВРЕМЕ НА КРИЗНА СОСТОЈБА

Најново од Вести