(ВИДЕО) ТЕО ОД БИТОЛА КАКО ШТО ТРГНАЛ ЕДЕН ДЕН ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПЕЦЕ АТАНАСОСКИ

9-годишниот Теодор Грујоски од Битола е вистински виртуоз на гајда. Научил да свири на само 4 години, а љубовта кон музиката, но и кон народните дувачки инструменти ја стекнал од својот татко и дедо. Членува во ансамблот Гоце Делчев и посетува нижо музичко училиште.

loading...

Токму Теодор оваа година ја доби главната награда „Гајдата на Пеце“ на 46 Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски во Долнени.

Неговиот татко, Синиша, кој и самиот е гајдаџија, научил да свири на 10 години, а има фотографии на кои Теодор уште од 1,5 години си игра со гајдата.

Неговата желба е да стане музичар и да биде дел од ансамблот „Танец“.



loading...

Извор: Тера