| | |

(Видео) Проф. Павлов: Ги повикувам на дијалог двата синода во Софија и во Скопје, БПЦ треба да заземе поактивна позиција во однос на црквата во РС Македонија

Македонската православна црква би требало да биде автономна во рамките на Константинополската патријаршија или да речеме да биде автокефална, каков што е нашиот сон, на луѓето во Македонија и на луѓето во Бугарија. Ова го изјави бугарскиот историчар, проф. д-р Пламен Павлов во емисијата „Hyde Park“ на порталот Трибуна.

„Не можам да го сфатам решението на СПЦ. Со истото, најверојатно се бара активирање на просрпските елементи во Македонија и во самата црква, какви што несомнено постојат. Не мислам дека тоа решение е перспективно“, изјави проф. Павлов во однос на одлуката на СПЦ да даде широка автономија МПЦ-ОА или Охридската црква според соопштението на Вселенската патријаршија.

Павлов додава дека широката автономија ја враќа црквата во РС Македонија во состојба, што е непожелна за општеството во РС Македонија и е во противречност со историските особености.

„Оваа одлука е обид за тестирање на расположението, од страна на Српската православна црква, но во случајот поинтересно е да ја видиме реакцијата на Македонската црква, на другите цркви и посебно на Бугарската православна црква“, вели Павлов.

Професор Пламен Павлов ја повика Бугарската православна црква да заземе поактивна позиција и изрази чудење зошто доцни официјалниот став на Светиот синод по ова прашање.

„Ги повикувам на дијалог и двете цркви- и софискиот синод и скопскиот или охридскиот синод. Мислам дека бугарската црква треба повторно да влезе во една активна позиција и да стане ако не де јуре, барем де факто во Црква-мајка, нешто што беше посакувано од многу луѓе во Македонија, вклучително и од членови на Светиот синод на МПЦ“, вели Павлов додавајќи дека според него молкот од страна на БПЦ трае претерано долго.

„Би требало да има официјална реакција и истата да биде во позитивна насока, со визионерски поглед, бидејќи на крајот од денот, треба да мислиме за минатото и за иднината, генерално за единството на нашиот општ православен народ, да се изразам дипломатски “, вели Павлов.

Павлов е дециден дека Русија и Руската православна црква работат против Бугарија и РС Македонија.

„Позицијата на Москва, повторно е непријателска за Бугарија, независно дали тоа е кажано директно или не. Непријателска е и кон Македонија, нашите браќа во Северна Македонија би требало да го разберат. Таа не е во корист на црквата, на народот и на луѓето во Северна Македонија. Тоа во пракса е повторно припојување кон Белград“, дециден е Павлов.

Слични Објави