| |

Генчовска: Нашиот став за РСМ нема да се промени- Османи многу зборува, не сме на фудбалски натпревар

Ставот на Бугарија за почеток на преговорите меѓу РС Македонија и ЕУ е јасен и не може да се менува на претстојниот Совет за општи прашања. Односите меѓу нашите две земји не можат да се сведуваат на фудбалски натпревар и да разговараме во чие поле е топката.

Ова за БГНЕС го изјави министерката за надворешни работи Теодора Генчовска по повод денешната изјава на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи дека топката е во полето на Бугарија и дека Бугарија нема јасен и единствен став за РСМ.

„Министерот за надворешни работи на РСМ Бујар Османи често се појавува во медиумите и постојано зборува. Ова не е тениски или фудбалски натпревар за да зборуваме во кој тим е или на кој терен. Нашиот став е исклучително јасен, имаме национален консензус за оваа тема. Не знам на кој појасен начин да му објаснам на господинот Османи“, рече министерката Генчовска.

На прашањето на БГНЕС дали очекува промена на ставот на Бугарија за укинувањето на ветото за почеток на преговорите меѓу РС Македонија и претстојниот Совет за општи прашања, Генчовска рече: „Не. Нашиот став во Советот за општи прашања нема шанси да се смени, бидејќи таква тема нема“.

Таа категорично ги отфрли обвинувањата на премиерот Димитар Ковачевски дека Бугарија ги земала РСМ и Албанија како заложници.

„Тие не го исполнуваат договорот, ни требаат конкретни чекори. Веќе изгубивме 5 месеци во разговори и интервјуа. Чекаме да почне реализацијата на договорот“, рече Генчовска во одговор на прашање на БГНЕС.

Слични Објави