|

ДИК: Непречено гласање на болни, немоќни и лица во установи во пресрет на вториот круг

Гласањето за болни и немоќни лица, лицата во притвор и затвор, како и за граѓаните сместени во установи за вонсемејна грижа, денес се одвива без проблеми во сите општини каде што утре ќе се одржи вториот круг од локалните избори, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

„Гласањето започна во 7 часот утрово и се одвива непречено во сите општини, вклучувајќи го и Градот Скопје,“ стои во соопштението на ДИК.

Според податоците на Комисијата, денес право на глас користат 4.826 болни и немоќни лица, 1.256 лица сместени во 14 казнено-поправни установи, како и 214 граѓани од 13 центри за вонсемејна грижа.

Утре, во вториот круг од локалните избори 2025 година, ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во општина Шуто Оризари за избор на советници.

Право на глас имаат вкупно 1.013.375 граѓани.



Слични Објави