КРИСТАЛИНА ГЕОРГИЕВА НОВ ДИРЕКТОР НА ММФ
Кристалина Георгиева ќе ја наследи Кристин Лагард како извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд, откако на сослушувањето таа го Извршниот одбор на Фондот дека е соодветна за позицијата.
„Огромна е одговорноста да се биде на чело на ММФ во време кога глобалниот економски раст продолжува да биде фрустрирачки, трговските тензии продолжуваат и долговите се на историски високо ниво. Наш непосреден приоритет е да им помогнеме на земјите да го минимизираат ризикот од кризи и да бидат подготвени да се справат со кризите. Притоа, не смееме да заборавиме на нашата долгорочна цел – поддршка на стабилни монетарни, фискални и структурни политики за градење посилни економии и подобрување на животот на луѓето. Тоа исто така значи и решавање на прашања како што се нееднаквост, климатски ризици и брза технолошка промена“, изјави Георгиева.
Кристалина Георгиева досега беше извршна директорка на Светска банка, додека нејзината претходничка Лагард беше избрана за претседател на Европската централна банка.

