| |

ПЛЕВНЕЛИЕВ: НАМЕСТО ЛАЖЕН ПАТРОТИЗАМ, БУГАРИЈА ДА ГИ ЗГОЛЕМИ ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев во интервју за бугарската агенција Фокус изјави дека политичарите во никој случај не треба да демонстрираат лажен патриотизам пред изборите. Тој е дециден дека Бугарија не треба да е земјата што ќе и удри шлаканица и ќе и покаже „црвен картон“ на Македонија.
Според него, за поголемо приближување меѓу, двата братски народи, потребна е поголема работа и трпеливост, како и проширување на соработката во сите области.


„Колку грчки инвестиции има во Македонија, а колку бугарски? Треба тоа да го подобриме и наместо да се однесуваме како лажни патриоти и да ги комплицираме работите во последен момент, да му заблагодариме на Бога што премиерот Бојко Борисов и вицепремиерката Екатерина Захариева не го дозволија тоа. Наместо тоа, да помогнеме и да ги зајакнеме активностите во регионот, а особено во Македонија. Еден пат не сме направиле таму, немаме ниту еден саглам граничен премин“, вели Плевнелиев во интервјуто за бугарската агенција „Фокус“.



Слични Објави